ЛЕО И ЈАС

Македонската музика особено ја засакав преку серијалот Дајте музика. Прва песна која ја препеав(ме) за потребите на серијалот, кога имав 11 години, беше Бели цветови на Каролина Гочева Корубин. Следеа: Верувај во љубов, Сите мои слики, Ѕвона ѕвонат, Чукни во дрво и големата сцена во Париз на Јуниорскиот евросонг 2021 со Green Forces. Низ цел тој процес ме водеа Николче Мицевски и Ана Костадиновска на кои сум БЕСКРАЈНО благодарна!

Идејата за изборот на кавер за ЛЕО дојде некаде во март 2022. Авторите на оригиналната верзија од 1986 година сакаа автентичност во преработката а истражувајќи на темата дознав и зошто…
Калиопи ја ОБОЖУВАМ! Мојата генерација често ги пее Обои ме, Црно-бело, Дали ме сакаш, но не знаев дека „првиот успешен сејугословенски хит“ – како се нарекува ЛЕО – ѝ донел на Калиопи Групата награда за најдобра интерпретација од страна на југословенски новинари на фестивал во Опатија во 1985 година. За таква дива и таква награда навистина мораше да се задржи автентичноста! КАЛИОПИ: ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА ДОВЕРБАТА!!!
ПС: Оригинална матрица немаше… Секако имало некаде на некоја магнетна лента, па Александар Митевски преработи сѐ од почеток… А кога пеевме, тој рече: „осум-октави“. Си помислив само „невозможно“ но тука беше мојата драга Ана Анушка ☺
Bottom line: Оригиналните автори дадоа зелено светло за аудиото. Бев пресреќна!!
Е ако Лео е назад во времето, новото видео сум автентичната „јас“. Видеото за ЛЕО го снимивме кон крајот на август. Со Изи работевме во 2021 година на Чукни во дрво. Строг, знае што бара, па ако треба ќе останеме и со саати на некоја сцена, но мора и мора да биде како тој ќе каже! И нормално тоа се ќе изгледа мајсторски.
Вертиго: simply the best!
Бојанчи: нѐ дотера баш онака како што сакавме!
ЛЕО тимот имаше приказни од типот: „Еех да знаеш на оваа песна јас …“ Е тие „времеплови“ следуваат наскоро. За сега, уживајте во мојата страна од приказната!