Многумина ме препознаваат по актерството. Првите чекори на сцената ги направив на моја 5-годишна возраст, во моето „Изворче“. На 9 години почнав со часови по актерска игра во школата на мојата драга Магдалена Ризова Черних. По две години на театарската сцена, кастирав за улога во забавно-едукативниот серијал „Дајте музика“, каде ментор ни беше Весна Петрушевска. Уживав работејќи и со Наталија Теодосиевска во текот на пандемијата. Среќна сум што имав и имам прекрасни учители по актерска игра.