Насмевка, прегратка, подадена рака… Убаво е кога некого ќе направиш среќен. Тука се некои од проектите до сега, а се радувам на уште многу НОВИ кои следат наскоро!

Бидете внимателни и свесни за коментарите
на социјалните мрежи!
Негативните коментари во било која форма повредуваат,
а молчењето ве прави соучесници…
Кампања за сајбер булинг и говор на омраза
на UNICEF MK и  Telekom MK

#StopBullying #ИнтернетБезОмраза #БулингБајБај

Гласно кажи му „НЕ“ на булингот!

За мене, моето семејство е мојата најголема поддршка и моето СЀ!!
Сакам сите деца да имаат љубов, грижа и сигурност каква што имам јас. Одлучив да станам СОС пријател и хонорарите кои ги имам заработено во 2022 година да ги донирам на СОС Детско село Македонија. Сакам поддршката која ја имам јас, да ја имаат и децата без родителска грижа.
Јас ќе продолжам да донирам, а истото може да го направите и ВИЕ!
#АјдеДаМенувамеЖивоти
Насмевка, прегратка, подадена рака… Убаво е кога некого ќе направиш среќен.
Ви посакувам и среќни празници! 

#АјдеДаМенувамеЖивоти

ОТЕКУВАМ НО НЕ СЕ ПОВЛЕКУВАМ! ТУКА СУМ И ПОСТОЈАМ!

Преку танцот на ЕУРЕКА и мојот глас во текстот од Виолета Христовска, со сценарио, кореографија и режија на Јана Андрејевиќ Лазаревска – срдечно дадовме поддршка на здружението ХАЕ Македонија во подигнувањето на свеста за ова ретко генетско заболување.

10 ГОДИНИ ХАЕ МАКЕДОНИЈА

60 СЕКУНДИ ЗДРАВЈЕ

Серијалот влогови 60 СЕКУНДИ ЗДРАВЈЕ го водиме со колегата Иринеј Ковчиќ ☺
Заедно со другарите од Алкалоид истражуваме теми кои буквално секого засегаат, а мислење бараме и од експерти.

Што е здравје

Крводарителство

Говор на омраза