„Чукни во дрво“ е благодарност за општествените категории граѓани за време на пандемијата, кои во ниту еден момент не запреа со својата дејност. „Бендот“ во видеото е омаж на легендарните Битлси од верзијата на нивниот култен албум Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band. Преку ова видео, се донираа 67.000 евра на Клиниката за детски болести во Скопје.
Јуниорскиот Евросонг 2021 мислам дека ќе биде во моите засекогаш омилени. Особено сум благодарна за можноста за учество на еден ваков голем и важен проект. Со GREEN FORCES настапиме на една голема сцена, во конкуренција со уште 18 земји од Европа, пред огромна публика, каде достојно ја претставиме Македонија и пренесовме порака до нашите врсници и нивните родители дека НЕМАМЕ РЕЗЕРВНА ПЛАНЕТА.